| четврток, 6 декември 2018 |

Прогласен ден на жалост во Турција

Со одлука на турската влада, по повод синоќешниот терористички напад на аеродромот „Кемал Ататурк“ во Истанбук во кој загинаа 41 лице, прогласена е еднодневна жалост.

_90149864_mediaitem90149863

Денес на територија на цела Турција и во странските претставништва знамињата ќе бидат спуштени на пола копје.

Четириесет и едно лице загинаа, меѓу кои и странци, а 239 се повредени во синоќешниот троен самоубиствен напад со автоматско оружје и бомби на меѓународниот аеродром „Кемал Ататурк“ во Истанбул.

Тројцата напаѓачи најпрво со автоматско оружје пукале кон патниците и кон полицајците, кои возвратиле на огност, а потоа ги активирале бомбите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top