Најновиот биланс на жртвите во синоќешниот троен самоубиствен бомбашки напад на истанбуласкиот аеродром „Кемал Ататурк“ изнесува 41 загинат и 239 ранети, соопштија денеска локалните власти на Истанбул.
Како што јави весникот „Милиет“, досега е утврден идентитетот на 37 од загинатите, од кои 24 се Турци, десетмина се странци, а тројца имаат двојно државјанство.
Според медицински извори, вкупно 109 од ранетите при нападот веќе се отпуштени од болниците во кои им била укажана лекарска помош.
Претходно, турската телевизија „Хабер 7“ јави дека бројот на загинати во нападот се искачил на 43 лица, од кои 39 се идентификувани.
Неименуван официјален турски претставник изјави дека конечниот биланс на жртвите може да се искачи и до 50 лица.
Нападот почна синоќа во 22.21 часот по локално време (21.21 по средноевропско време), кога тројца напаѓачи почнале да пукаат на влезот од меѓународниот терминал на аеродромот во Истанбул и потоа се разнеле со експлозивите што го носеле на себе.
Весникот „Милиет“, повикувајќи се на сознанија од истрагата, објави дека тројцата непаѓачи најверојатно се странци. Весникот посочува дека аутопсијата на остатоците од телата на напаѓачите веќе е завршена, но засега не е утврден нивниот идентитет, што наведува на заклулокот дека најверојатно станува збор за странски државјани.
Ова е најсмртоносен од четирите терористички напади во Истанбул од почетокот на годната, од кои за два одговорност презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД), а за еден курдска милитантна организација.
Иако засега никој директно не презеде одговорност за синоќешниот напад, турските власти посочуваат дека „доказите упатуваат на ИД“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика да се покрене меѓународна „заедничка борба“ против тероризмот, додека западните сојузници на Турција, меѓу кои и САД, остро го осудија нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


