Државниот секретар на САД, Џон Кери смета дека одлуката на британските гласачи нивната земја да ја напушти ЕУ, може и никогаш да не се оствари.

Само еден ден по разговорот со британскиот премиер Дејвид Камерон, Кери изјави дека на официјален Лондон не му се брза со отпочнување на тој процес, иако тоа го поддржаа 52 отсто од Британците.
Тој вчера го искажа својот впечаток дека британскиот премиер во заминување е „неподговен да преговара за Брегзитот, што воопшто и не го посакува“ и дека нема волја што поскоро да го активира „членот 50“ од Лисабонскиот договор.
– Ова е еден многу „комплициран развод“. Британскиот премиер се чувствува немоќно во однос на започнувањето преговори, што е и разбирливо, за нешто во кое не верува и нема поим како тоа да го изведе. А, и мнозинството од оние кои гласаа за излегувањето, исто така не знаат како тоа би одело, рече синоќа Кери при престојот на фестивалот „Аспен Ајдиас“.
На прашање на организаторот на панел дискусијата дали одлуката за Брегзит може да биде повлечена, американскиот секретар одговори: – Мислам дека има повеќе решенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


