| четврток, 6 декември 2018 |

Најтрогателно сведоштво од Истанбул: „Бевме очи во очи со напаѓачот додека пукаше“

Адам Кили од Бостон се нашол на аеродромот во време на нападот, па за Асошиејтед прес раскажува дека слушнал истрели од огнено оружје, по што следеле експлозии.

istanbul-napad

-Тогаш видов луѓе кои беа многу тешко повредени, вели Кили.

Уште потрогателно сведоштво раскажа 12-годишната Хевин Зини, која стигнала во Истанбул од Германија со семејството.

13494963_10154973840281509_7800277618592740728_n

-Насекаде по земјата имаше крв. Се беше на парчиња. Да стигневме две минути порано, тоа можеше да бидеме ние, бели таа.

Јужноафриканката Џуди Фавиш која претходно поминала два дена во Истанбул, се враќала дома во Ирска и слушнала пукање, па експлозија, по која следеле уште истрели и уште една експлозија.

Таа веднаш побарала засолниште и се сокрила под пултот, каде што поминала долго време. Додала дека патниците ги однеле во подрум, во кантината, каде осигурувањето ги задржало повеќе од еден час, односно додека не се расчистила ситуацијата.

Уште двајца туристи од Јужна Африка, Пол и Сузи Рос од Кејп Таун, исто така се нашле на аеродромот на пат кон дома.

-Одевме по скалите кога слушнавме пукање. Видовме неколку луѓе како одат наоколу, облечени во црно и со пиштоли во рацете, рекол Пол.

Најтрогателното сведоштво го раскажа новинарот Стивен Набил, кој за време на нападот се нашол со сопругата, а настаните ги опишал на својот Твитер профил.

-Само што го напуштивме аеродромот. Сопругата ми е повредена во нападот. Бевме очи во очи со напаѓачот додека пукаше. Истрчав и ја повлеков сопругата до продавницата, проваливме внатре и чекавме преплашени, додека тој пукаше. Едвај се извлековме. Цели 45 минути бевме седечка мета, чекавме кој ќе ја отвори вратата, раскажал Набил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top