Сопругот на свирепо убиената пеачка на продукцијата Гранд Јелена Марјановиќ не може да биде уапсен без несоборливи докази, затоа што процесот во тој случај ќе биде големо промашување, тврди адвокатот Тома Фила.
Искусниот српски адвокат тврди дека белградската полиција во овој случај направила грешка уште на самиот старт на истрагата.
- Убиецот никогаш нема да биде фатен ако некој не прозбори, затоа што не е најден во рок од 48 часа по злосторството. Полицијата погреши на увидот, не се најдени траги и не се знае каде е убиена пеачката. Сето тоа виси во воздух а се крена голема прашина во јавноста. Во случаи кога се во прашање познати личности или кога медиумите секојдневно пишуваат за нерешено убиство како во овој случај процесот на суд може да се покрене само ако постојат несоборливи докази, вели Фила.
Според адвокатот, најлоша опција е без докази да се уапси и процесуира Зоран Марјановиќ, затоа што пресудата автоматски ќе падне.
- Токму тоа се случи во случаите Мирослав Мишковиќ и Дарко Шариќ. Немаше докази за да бидат осудени. Во случајот „Стечајна мафија“ исто така се покажа дека не вреди да се излегува на суд без докази. Да не зборувам за Драгослав Космај кого го уапсија тврдејќи наводно дека бил најголем нарко-бос на Балканот, а на крај го уапсија поради затајување данок, вели Фила.
Адвокатот Иван Бајазит, поранешен судија во Окружниот суд, тврди дека во овој случај лошата работа на полицијата се гледа од авион.
- Полицијата покажа очигледна неспособност како раководителите, така и оперативците, затоа што не успеаја да го решат убиството за 48 часа. Како би решиле убиство со политички мотиви кога не знаат да решат убиство со многу траги како што е ова, прашува Бајазит.
Поранешниот судија Мирослав Тодоровиќ истакнува дека никој нема право да го става на столб на срамот сопругот Зоран Марјановиќ затоа што е невин додека не се докаже спротивното.
- Никој нема право да го тормози толку кога истрагата официјално не е почната. Имаат право да оперативна работа, можат да го набљудуваат, да го следат, да му го прислушуваат телефонот, се разбира со дозвола од судија, но сето тоа мораат да го прават дискретно. Не смеат да ја нарушуваат неговата слобода, интегритет и со тоа да му го нарушуваат животот. Тој е должен да се јавува на повиците на судот, но не би смеело јавноста да знае дека бил на сослушување, предупредува Тодоровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст