| четврток, 6 декември 2018 |

Полска бара оставки од лидерите на ЕУ

polska min nadvoresniПолскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски денеска го повика раководството на Европската комисија да поднесе оставка, затоа што „не успеало и не можело да го зачува единството на ЕУ“.

Според Вашчиковски, доказ на ваквиот „неуспех“ на лидерите на Еврокомисијата е референдумот во четвртокот на кој мнозинството Британци се изјаснија за излез на Велика Британија од ЕУ.

– Се прашуваме дали ова раководство на ЕК, кое само пред еден месец ги повика политичарите да престанат да ги слушаат гласачите, има право да продолжи да функционира и да раководи со Европа. Според наше мислење – нема, порача шефот на полската дипломатија.

Вашчиковски оцени дека на чело на Европската комисија во овој момент треба да дојдат нови луѓе.

– Кога во политиката ќе проипадне еден полиитчки проект – во случајов политичкиот проект за зачувување на европското единство – задолжително треба да се променат правилата на играта или да им се даде можност на нови политичари да го подобрат проектот, порача Вашчиковски.

Тој се заложи и за намалување на ингеренциите на Европската комисија и за префрлење на дел од нив во надлежност на Европскиот совет, бидејќи, како што рече, него го сочинуваат „политичари кои имаат демократски мандат“.

Минатиот месец претседателот на Европсаката комисија, Жан-Клод Јункер говорејќи за одбивањето на земјите од централна и источна Европа да го прифатат предлогот на ЕК за прераспределба на мигрантите според утврдените квоти, изјави дека некои европски лидери ги слушаат само избирачите и не го развиваат „заедничкото европско чувство“,

Полската десничарска Влада веќе извесен период е во конфликт со Брисел за прашања поврзани со владиното влијание врз Уставниот суд на Полска, миграциската политика, прашањата за климатските промени и уништувањето на древните шуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top