Популарната водителка Лила Филиповска изминатиот викенд уживаше во познатото грчко одморалиште Сани Бич, од каде објави две бикини-фотографии на социјалните мрежи, со кои официјално ја отвори летната сезона.
Меѓутоа, пред ова викенд-задоволство, Лила квалитетно го помина своето слободно време во друштво на својата омилена Галена, нејзината внука. Лила често објавува фотографии од внука си, која неизмерно ја сака, но и малата Галена е восхитена од својата позната тетка. Колку „девојките“ се на иста фреквенција, сведочи нивната заедничка фотографија, објавена на фејсбук-профилот на водителка, со коментарот:
„Мојата внука има неверојатна тетка“.
Како што можете да забележите, тие двете дури имаат ист вкус и кога станува збор за модата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.