Претстедателот и генералниот секретар на Ракометна федерација на Македонија (РФМ) Живко Мукаетов и Филип Милошевски, денеска го посетија вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.
– Раководните лица на најуспешната спортска федерација изразија задоволство од зголемениот број на учесници и условите во кои се работи. Она што беше исто така важно и потенцирано од претседателот на РФМ е и учеството на многу наши тренери, сегашни и поранешни репрезентативци и селектори на најдобрите национални селекции што исто така преставува една придобивка плус за македонскиот ракомет. За време на кампот се реализираа неколку предавања и панел-дискусии. На крајот беше забележано дека направен е сериозен чекор напред во однос на организација на ракометниот камп на капитенот на националниот тим во повеќе области – велат од организацијата на кампот.
Мукаетов во функција на почесен генерален конзул на Кралството Данска во Република Македонија оствари средба со дел од учесниците на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, кои доаѓаат од Кралството Данска посакувајќи им пријатен престој во нашата држава.
Еден од двајцата тренери кои партиципираат заедно со учесниците од Данска, Микаел Пализгард, тренер на данската екипа Ајакс Копенхаген најави дека на следниот камп на капитенот ќе партиципираат во уште поголем број.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.