| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието изгласа: Македонија доби нов Универзитет „Дамјан Груев“

Со 67 гласа „за“ и шест „против“ Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за основање  Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ – Скопје.

Пратениците на Владата велат дека со овој универзитет студентите ќе имаат можност плус да направат избор каде ќе студираат, а заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски изјави дека идејата за основање на овој универзитет е да се зголеми квалитетот на високото образование.

Универзитетот треба да почне да работи од учебната 2016/2017 година, а наставата ќе се изведува на англиски јазик со ангажирани професори од странство, а предвидено е да има девет факултети и два института.

– Ангажирани се, пред сѐ, професори од странство, а наставата во најголем дел ќе се изведува на англиски јазик и нема да има големи и масовни квоти за запишување. Интенцијата е да се фокусира во насока на зголемување на квалитетот, а не на хиперпродукција на дипломирани студенти – рече заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Предлог-законот за универзитетот беше повлечен, меѓутоа вчера беше вратен во Собранието и проширен со уште три факултети – економски, градежен и архитектонски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top