Вечерва, 28 јуни, на „Битолскиот Шекспиров фестивал“ ќе биде изведена претставата „Монтеки и Капулети“ инспирирана од делото „Ромео и Јулија“ во режија на Руслан Кудашов.
По синоќешната светска премиера на претставата „Јулие Цезар“, која ја изведоа актерите на американската театарска компанија „Лит Мун“ од Санта Барбара – Калифорнија, најновото издание на „Битолскиот Шекспиров фестивал“ продолжува со настап на Куклен театар од Бјалисток, Полска.
Според програмата, вечерва, 28 јуни, ќе биде изведена претставата „Монтеки и Капулети“ инспирирана од делото „Ромео и Јулија“, а во режија на Руслан Кудашов.
– Очекувам публиката да ужива во нашата претстава бидејќи во претставата се користат многу малку зборови, имиња и знаци, но затоа, пак, сѐ повеќе се отстапува простор на гестикулациите, емоциите, чувствата, кои, всушност, се главните ликови во претставата. Љубов, омраза, носталгија – тоа се чувствата што ги имаат и со кои се борат главните ликови, исто како и ние, истакна режисерот Кудашов во пресрет на вечерашното гостување на театарската сцена во Битола.
„Битолски Шекспиров фестивал“ се одржува четврта година, а годинава е посветен на 400-годишнината од смртта на Вилијам Шекспир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст