Службеници на финансиската полиција веќе еден час се во зградата на општина Струмица, јави „Прес 24“. Според информациите, финансиската полиција во моментов обезбедува наредба од Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција за одземање документација поврзана со криминалните тендери за превоз на ученици во општината раководена од Заев.
Акцијата следи откако деновиве во јавноста беше објавена скандалозна документација според која, општина Струмица плаќа трипати поскапо за превоз во споредба со Токио. Од општината на Заев ги демантираа ваквите информации, но не понудија никаква документација.
Интересно е што Специјалното јавно обвинителство отвори предмет и бараше притвор за битолскиот градоначалник поради наводни злоупотреби на финансиски средства во тендерите за превоз на ученици. Според документите објавени на прес конференциите на пратеникот Васил Пишев, општина Струмица плаќала по неколку пати поскап превоз за учениците, но до овој момент се уште никој не побара кривична одговорност од градоначалникот Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст