Новата сезона за ракометарките на Вардар почнува на 1 август, а првите контролни средби „црвено-црните“ ќе ги одиграат на крајот од месецот, на турнир во Словенија.
Првите шест дена од почетокот на подготовките ќе бидат во Скопје каде што ќе се вршат потребните медицински прегледи. На 1 и на 2 август се очекува пристигнување на сите ракометарки, кои ќе бидат дел од тимот за новата сезона.
– Ќе имаме само еден утрински тренинг на 6 август, по што попладнето треба да заминеме во Словенија, во Терме Зрече каде што ќе останеме до 18 август. Тоа е период кога ќе се „полнат батериите“ за тоа што ќе ни претстои сезонава. Од 18 август ќе настапиме на 13. традиционален меѓународен турнир „Винко Кандија“. Таму покрај домаќинот, екипата на Крим Меркатор, потврдени се и уште екипите на Подравка Вегета и Дебрецин. Распоредот на натпревари дополнително ќе биде одреден, информираат од ЖРК Вардар.
Екипата во Скопје ќе се врати на 21 август по што ќе продолжат подготовките за почетокот на новата сезона во Лигата на шампионките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст