| четврток, 6 декември 2018 |

Културно освежување во сите градови: Поддршка на уметниците, нови театри, домови на културата, културни манифестации, реставрации

gruevski-kanceska-640x577

Културата и проектите за заживување на културниот живот во Македонија се една од главните фокус точки на Владата.
Она што во изминатите неколку години е направено во областа од културата и афирмација на уметниците е вистинско културно освежување на целата територија на државата и во сите сфери на уметноста.

Нови театри, нова филхармонија, реставрации, поддршка на уметници, културни манифестации, проекти кои имаат цел културно да ги воздигнат македонските граѓани.

За време на вчерашната посета на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на новиот Дом на културата во општина Кисела Вода, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска потсети дека и во Валандово, Гевгелија, Велес е инвестирано во нови театри, а целта е да се вложува и во локалниот културен развој.

-Театарот во Струмица интензивно се гради, а првата половина на следната година е планирано да се заврши. За Охрид е избрано идејно решение и неделава ќе се објават резултатите, објасни Канческа-Милевска.

Интензивно се работи и на турскиот и тетовскиот театар, додеа пак албанскиот театар е под целосно реновирање.

nov-turski-teatar_3_resize

-Турскиот ќе биде до крај на јули, каде што завршува нашиот дел по што следува работа од турската страна, рече Качнеска-Милевска.

-Истамубл ќе учествува со делот на салата и сцената и тоа е инвестиција над милион евра. Нисе сме во преговори со трската страна, рече директорот на турскиот театар Атила Клинче.

Министерката најави дека ќе се работи и на Драмски и на Театар комедија.

teatar-komedija

-За Драмски театар имавме објавено тендер, кој беше неуспешен и сега објавуваме нова постапка за избор на фирма, а во однос на ЈПП за Театар Комедија имавме околу 3 обиди и сега веќе ќе пратиме информација до Влада со заклучок дека доколку не најдеме инвестирот по пат на Јавно приватно партнерство дека ние како Министерство ќе продожиме.

Избрано е идејно решение, проектот е направен, а во план е до крајот на годинава да биде затворен делот за проектирање на објектот и од 2017 да почне постапка за градба.

Македонската опера и балет ќе добие целосно реновирана сала.

mob-640x429

-Интензивно се работи и во план е во септември да се влезе во новата сала. Македонската филхармонија се гради а Опера и балет целосно се реконструира, рече министерката.

-Како што овие години имало инвестиции во театри и култура немало никогаш, заклучи Груевски.

Филхармонијата до година ќе се заврши. Таму интензивно се работи, останува енериерот.

filharmonija

Проектот со кино мрежата е доста успешен, направени се 20 кина низ градовите во државата, онаму каде што до сега немало таков објект за кино проекции.

plaosnik-640x316

-Плаошник ќе се заврши во 2018 година. Таму се работат фасадите а интензивно се работи и на Богословскиот факултет. Целиот останат комплекс е завршен со фасада и со затворена карабина и потоа одиме во делот на ентериерот. Кога станува збор за Плаошник имаме цело партерно уредување околу комплексот и тогаш ќе се откријат сите мозаици кои беа пронајдени, а ќе бидат поставени и археолошки ископини, рече Канческа Милевска.

Исто така продолжуваат и откупите на слики од македонски ликовни уметници.

-Три години по ред 2014, 2015 и оваа година имавме три откупи а се откупија некаде околу 145 уметнички дела и околу 42 скулптури од мал галериски формат. Дел од тие откупени слики ги поставивме во нашите национални поставки а дел од нив со одлука на Влада ќе се прераспределат на државните институции каде многу странски делегации ќе можат да ги видат тие дела, објасни министерката.

otkup-640x427

Направени се и изложби а веќе е објавен и новиот конкурс за откуп на ликовни дела за оваа 2016 година.

Традиционално како секое лето изминативе 9 години и оваа година се продолжува со Летниот културен бран. А Дојран годинава е градот на културата кои имаат посебен буџет од 2 милиони денари кој е насочен само за нивната богата програма.

-Имаме навистина позитивен ефект од летен културен бран, идејата беше културата да биде достапна до секого посебно во летниот период под отворено небо. Оваа година се вклучени 31 општина и има над 100 настани, рече Канческа Милевска и додаде дека во оние места кои имаат зимски туристички потенцијал ќе се организира Културна зима.

dojran3-640x427

Секој град во Македонија има посебна специфична култура, а проектите кои се реализираат во секој град поединечно имаат за дел да се зачуваа таа автентична традиција и да се пренесе на идните генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top