| четврток, 6 декември 2018 |

Славниот пејач уапсен на концерт, фановите бесни

Познатиот рапер, Фифти Сент е уапсен во саботата вечер кога настапувал на музички фестивал на Карибите, затоа што изговорил пцовка во текот на изведување на песна.

фифити

Прашање е дали организаторите кои го повикале на настап некогаш ги слушнале неговите песни, но 40 годишниот рапер, чие право име Куртис Џексон излезе од затвор и беше принуден да плати кауција во износ од 5.000 долари.

Фановите беа разбеснети поради оваа постапка, па многу коментари беа упатени кон организаторите на фестивалот, да не викаат рапери, ако не сакаат пцовки.

„Господинот Џексон беше повикан на фестивалот за да ја води програмата. Меѓутоа кога стигна таму, организаторите го замолија да настапи, што тој прифати, користејќи музика која веќе беше таму. За жал, ги немаа неговите „чисти“ песни, оние во кои не се слушаат пцовки, така што во неговиот настап имаше и погрдни зборови“, стои во извештајот кој дојде од ПР на Фифти Сент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top