| четврток, 6 декември 2018 |

Чувари ќе ги бранат Карпош и Центар од вандали

opastina centar

Општина Центар почнува со реализација на проектот „Го чуваме нашиот Центар” со кој стражарски служби на општината ќе го чуваат зеленилото, урбаната опрема и инвентарот и ќе се грижат за безбедноста на граѓаните.

Чуварите ќе бидат на располагање на граѓаните секој ден, од 20 до 4 часот.

– Овој проект за поставување на стражарски куќички со чувар се по барање на граѓаните и ќе бидат поставени на повеќе локации во Центар. Првите куќички се поставени во Градски ѕид и Капиштец, се наведува во соопштението од општината.

Општина Карпош, исто така, ангажира фирма за обезбедување која ќе се грижи за четири плоштади на нејзината територија и тоа: плоштадот „Делифина“ во населбата Влае, плато-фонтаната во Карпош 3, Платото на Млечен ресторан и Платото на Педагошка академија.

Во иднина се предвидува, обезбедувањето да се прошири и на останатите плоштади на територијата на локалната самоуправа, со што тие рекреативно- забавни катчиња ќе бидат заштитени од изолирани инциденти на некои несовесни граѓани кои ги оштетуваат реквизитите и хортикултурните аранжмани.

Овој ангажман на локалната самоуправа ќе претставува заштеда на средствата од општинскиот буџет, кои досега беа издвојувани за поправка и реконструкција на направените штети на плоштадите и цветните аранжмани во Општината.

Локалната самоуправа воведе 16 часа обезбедување на плоштадите. Тимот на обезбедувањето ќе работи во две смени, со по двајца обезбедувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top