| четврток, 6 декември 2018 |

„Брегзит“ неповолен и за Ѓоковиќ, ќе го чини 300.000 долари

djokovic vimbldon 2015

Финансискиот колач во машка и женска конкуренции изнесува 28,2 милиони фунти, а победниците ќе инкасираат по два милиона. Ова е за 110. 000 фунти повеќе во однос на минатата година, но со оглед на падот на фунтата од десет отсто по „Брегзит“, јасно е дека ова зголемување ќе биде само на хартија.

Јубилејното 130. издание на најпрестижниот гранслем-турнир Вимблдон, падна во сенка на „Брегзит“, а последиците од него ќе ги почувствуваат и тенисерите кои настапуваат на турнирот во Лондон, кој почна вчера и на кој титулата ја бранат Србинот Новак Ѓоковиќ и Американката Серена Вилијамс.

Тенисерите ќе останат без четири милиони долари поради падот на вредноста на фунтата и покрај тоа што наградниот фонд на Вимблдон ќе биде најголем досега. Финансискиот колач во машка и во женска конкуренции изнесува 28,2 милиони фунти, а победниците ќе инкасираат по два милиони. Ова е за 110. 000 фунти повеќе, во однос на минатата година, но со оглед на падот на фунтата од десет отсто по „Брегзит“, јасно е дека ова зголемување ќе биде само на хартија.

Кога наградите ќе се преведат во долари, ситуацијата изгледа вака – во четвртокот наградата за победникот изнесуваше три милиони долари, а од петок идниот шампион останува покус за 300.000 долари.

Излегувањето на Британија од ЕУ во светот на белиот спорт, најверојатно, најмногу ќе го почествуваат Новак и Серена, од кои се очекува да ја освојат титулата на турнирот во Лондон. Меѓутоа, на најдобрите тенисери и тенисерки нема да им биде тешко што ќе останат без стотици илјади долари, но тоа потешко го поднесоа играчите кои преку кфалификации се обидоа да обезбедат учество на турнирот.

Голем број натпревари во квалификациите поради дожд од четврток беа преместени за петок. Така некои играчи, кои мораа да го завршат дуелот во петок, преку ноќ останаа без 1.800 долари. Ова се играчите кои се на многу пониските позиции на АТП и тие пари многу им значат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top