
Британци, кои сакаат да останат во европското семејство, ја преплавиле ирската Амбасада во Лондон и поштите во Северна Ирска со прашања како да добијат ирски пасош и со барања за формулари за патни исправи, соопшти ирското Министерство за надворешни работи.
Формуларите, кои можат да се добијат во поштите, биле разграбани, а во Амбасадата се добиени повеќе од 4.000 барања за пасош, во споредба со вообичаените околу 200 дневно, истакна дипломатски извор.
Секое лице, кое е родено во Република Ирска или во Северна Ирска, или кое има родител или баба и дедо Ирци, има право на ирски пасош. Околу шест милиони луѓе, кои живеат во Велика Британија, имаат ирски пасош.
– По референдумот во Обединетото Кралство драстично се зголеми интересот за ирски пасоши – изјави ирскиот министер за надворешни работи Чарли Фланаган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


