Работното време во Данска е од 8 до 16 часот, со вкупно 37 работни часа во неделата.
Меѓутоа, едно неодамнешно истражување покажало дека просечен Данец работи само 33 часа во неделата.
– Данците не остануваат подолго на работа бидејќи поради тоа би можеле да добијат лекција дека се неефикансни, место пофалба дека работат повеќе – пишува Хелен Русел, британска новинарка што живее во Данска.
Кога во 2013 година се преселила во Данска со сопругот, кој таму добил работа во компанијата „Лего“, не можела ни да сонува дека нејзиниот сопруг ќе доаѓа дома веднаш по завршувањето на работното време, во петок дури во 14.30 часот, вели таа.
Оваа двојка била навикната на премолчени прекувремени часови и сѐ помалку слободно време. Затоа била изненадена од леснотијата и дисциплината со која живеат луѓето во земјата што редовно е на ранг-листата на најдобри места за живеење во светот.
Таму се цени балансот меѓу работата и приватниот живот, посебено семејтвото. Вработените мајки и татковци без проблем може да ги земат децата по завршување на работното време, да поминат со нив квалитетно време, а навечер да имаат и време за себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


