| четврток, 6 декември 2018 |

Пред почетокот на Англија – Исланд тензии и искри во таборот на гордиот Албион: Руни се скара со Варди поради Беки Николсон

Англискиот таблоид „Дејли меил“ откри дека Руни веќе имал непријатен разговор со Варди, за време на кој го информирал дека не му се допаѓа тоа што Беки се појавува секаде каде што се останатите репрезентативци и се тоа го прави за лична промоција

runi beki niklson

Најпознатиот таблоид на островот, „Дејли мејл“, откри дека не било сѐ така розово во гардеробата на фудбалската репрезентација на Англија.

Единствената причина за зголемената тензија пред осминафиналниот дуел против селекцијата на Исланд е конфликтот меѓу капитенот на гордиот Албион, Вејн Руни, и бомбардерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Лестер, Џејми Варди.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед потенцирал дека сите репрезентативци имаат потреба од апсолутен мир пред следниот натпревар на ЕП во Франција, а потребниот мир не е постигнат поради однесувањето на сопругата на Варди, Ребека Беки Николсон.

Англискиот таблоид откри дека Руни веќе имал непријатен разговор со Варди, за време на кој го информирал дека не му се допаѓа тоа што Беки се појавува секаде каде што се останатите репрезентативци и сето тоа го прави за лична промоција.

Понежната половина на Варди постојано постира слики на социјалните мрежи. Истересно е тоа што истото, но за време на Мундијалот во Германија 2006 година, го правеше сопругата на Вејн Руни, Колин и понежната половина на Дејвид Бекам, Викторија.

– Имаме реални шанси да направиме нешто големо на Европското првенство во Франција. Многу сме блиску до посакуваниот успех и затоа имаме потреба од апсолутен мир – изјави Руни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top