
Вејн Руни одигра катастрофално на овој европски шампионат, пред се поради експериментите на Рој Хоџсон кој инсистираше англискиот капитен да настапува длабоко на средината од теренот, предалеку од противничкиот гол. Членот на Манчестер јунајтед е свесен за фијаското на националниот тим со поразот од Исланд, но исто така е дециден на ставот дека нема намера да ја заврши својата репрезентативна кариера.
-Реков и пред почетокот на овој шампионат, јас сум горд што сум репрезентативец на Англија, тоа чувство останува и ќе му бидам на располагање и на следниот селектор, доколку тој реши да ме избере за националниот тим. Тешко е да се кажат вистинските зборови по еден ваков пораз. Срамно е бидејќи знаеме дека сме подобар противник, но недозволиво примивме два гола за краток период, па потоа не успеавме да стигнеме до израмнување. Знам дека сега разочарувањето е големо, но верувајте ми кога велам дека иднината на оваа репрезентација е светла – изјави Руни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


