| четврток, 6 декември 2018 |

Англискиот веќе нема да биде официјален јазик во ЕУ?

Данута Хубнер, шефот на Комитетот на Европскиот парламент за уставни прашања (AFCO), денеска предупреди дека англискиот јазик веќе нема да биде еден од официјалните јазици на Европската унија откако Велика Британија ќе ја напушти Европската унија.

Англискиот е еден од 24. официјални јазици на ЕУ, штом Британија заврши со процесот на излегување од Унијата, јазикот може да го загуби својот статус.

  • Имаме регулација, каде што секоја земја на ЕУ има право да нотифицира еден официјален јазик. Ирците го одбраа галскиот, Малтезите малтешкиот, а само Велика Британија англискиот јазик – изјави Хубнер.

Регулирањето листата на официјални јазици на ЕУ ќе мора да се промени едногласно од страна на останатите земји, на кои останува одлуката дали сакаат да го задржат англискиот како службен јазик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top