| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица навивачи уапсени во Сплит осомничени за прекинот во Сент Етиен

Хрватската полиција уапси четворица навивачи во текот на викендот во Сплит, обвинети за користење пиротехнички средства и предизвикување прекин во  Сент Етиен на натпреварот од Европското првенство меѓу Хрватска и Чешка.

Како што пренесува „ХИНА“ петтиот осомничен денес треба да биде приведен на сослушување.

Овие лица се идентификувани благодарение на видео снимки и тие се задржани во притвор.

Натпреварот Хрватска –Чешка заврши 2:2, а беше накратко прекинат во финишот, кога еден од редарите беше удрен со запален факел.

Поради инцидентот УЕФА на Хрватскиот фудбалски сојуз му изрече парична казна во висина од 100.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top