Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, ја мина првата рунда на Грен слем тенискиот турнир Вимблдон. Актелниот шампион на овој турнир, кој го носи приматот „неофицијално светско тениско првенство“, во три сета (3-0) беше подобар од Џејм Ворд од Велика Британија.
Српскиот тенисер го доби првиот сет убедливо со 6:0. Во вториот Ворд пружи поголем отпор, па дури по тај-брејкот кој завши со 7:3 на поени, Ѓоковиќ поведе со 2-0 во сетови. Во третиот сет Ѓоковиќ на противникот му препушти четири гема (6:4), за конечено по два часа и три минути игра да триумфира со 3-0 во сетови.
Ѓоковиќ во 2. коло за противник ќе го има Французинот Адриан Манарино.
Од носителите, кои одиграа досега на првиот ден на Вимблдон, првото коло го минаа Марио Чилиќ (девети) од Хрватска кој со 3:0 го победи Американецот, Брајан Бејкер, како и неговиот сонародник Иво Карловиќ (23), кој во хрватскиот меч беше подобар од Бора Чориќ.
Во второто коло ќе игра и Шпанецот, Давид Ферер (13) кој со 3-0 по сетови 6:2, 6:1 и 6:1 го победи дуди Села од Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст