Актуелниот декан на Медицинскиот факултет д-р Никола Јанкуловски е новиот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Со 43 гласа, од вкупно 55, Јанкуловски ја наследи функцијата на досегашниот ректор Велимир Стојковски.
Неговиот противник, професорот и поранешен министер за образование Ненад Новковски освои 6 гласа, додека останатите 6 гласа беа неважечки.
Д-р Никола Јанкуловски, е професор по предметот Хирургија на Медицинскиот факултет и е актуелен декан на истиот. Тој е абдоминален хирург. Од септември 2007 до април 2009 година бил директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија. Добитник е на наградата Св. Климент Охридски“ од областа на здравството во 2013 година и наградата „11 Октомври“ во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.