| четврток, 6 декември 2018 |

Кисела Вода доби нов современ Дом на културата

Станува збор за целосно, темелно реконстуиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година за чија обнова се инвестирани 42 милиони денари од Министерството за култура и девет милиони денари од локалната самоуправа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со министерката за култура Елизабета Канческа-­Милевска и со градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-­Алексиќ, денеска официјално го пушти во употреба новиот Дом на културата во Кисела Вода „Кисела Вода Кино“ (КВК).

Станува збор за целосно, темелно реконстуиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година за чијашто обнова се инвестирани 42 милиони денари од Министерството за култура и девет милиони денари од локалната самоуправа. ­

kino1-640x399

– Дадовме ветување на изборите дека овој објект ќе биде возобновен и дека општината Кисела Вода ќе добие Дом на култура, кино и сите пропратни елементи, и тоа го реализиравме. Задоволство ми е што денеска имав можност да присуствувам на свеченото отворање на, може да се рече, новиот Дом на култура и кино во општина Кисела Вода, што всушност е темелна реконструкција, толку голема скоро како да е изграден нов објект – изјави Груевски по обиколката на објектот.

dom-predpotoa

Тој посочи дека објектот има можности за одржување театарски претстави бидејќи има 169 седишта и одлична театарска сцена, библиотека и многу други простории. ­

kino-640x448

– Со еден збор ќе биде катче во кое ќе има многу културни и забавни содржини од одржување театарски претстави,­ професионални и аматерски, до разни други културно­уметнички настани од типот на играорни друштва, музички настани, поетски читања…, вклучувајќи и кинопроекции, бидејќи е вградена целосна опрема за кинопроекции – рече Груевски.

IMG_0720

kinoo

Со заеднички сили, потенцира, како Влада и како општина во 2014 го започнавме реконструирањето кое е веќе завршено и објектот е пуштен во работа. ­

– За два дена, на Денот на општина Кисела Вода, официјално ќе биде првпат употребено и ќе влезе во функција во целосна смисла на зборот – потенцира Груевски.

kino-kkk

Новиот Дом на култура во Кисела Вода е на површина од околу 900 квадратни метри. Во приземјето се сместени мултимедијална сала со 169 седишта, музичко­-уметнички клуб, библиотека, канцеларија на Месната заедница, гардероба, билетарница, пацио. Просторот е збогатен и со дополнителни содржини како кафетерија, додека во подрумскиот дел е сместен делот за релаксација во кој граѓаните на општината Кисела Вода ќе може да го поминуваат своето слободно време. Во подрумот има и мала сала во која ќе може да се подготвуваат театарските претстави. Во дел од контролната кула, пак, е сместена контролна соба и остава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top