| четврток, 6 декември 2018 |

Маж се запалил во Прага

pragueМлад човек се полеал со бензин и се запалил на Вацлавскиот плоштад во Прага. Тоа го сторил  во близина на местото каде што во 1969 година студентот Јан Палах се запали во знак на протест поради советската окупација на Чехословачка.

Според чешката полиција се работи за 36-годишен маж. Тој прво ја запалил јакната, по што полицајците што патролираат кај Националниот музеј веднаш реагирале и го изгасиле. Тие го спасиле неговиот живот. Бил  однесен во болница со помали изгореници, кои зафатиле околу 10 отсто од неговото тело. Се уште не се познати причините поради кои го сторил тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top