| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Само годинава се одвоени 17 милиони евра за проекти за изградба на водовод и канализација

Водоводот во Патишка река веќе е започнат да се гради, за што се издвоени 2,5 милиони евра, истакна Никола Груевски на отворањето на новиот објект на Домот на културата во општина Кисела Вода.

vodovod-5-10577-640x382

Со изградбата на водоводот ќе биде решен проблемот на 10 населени места, којшто е долгогодишен проблем на граѓаните од населеното место Сопиште, подвлече Груевски.

Тој истакна дека досега се издвоени 43 милиони евра откако е Владата предводена на ВМРО-ДПМНЕ за изградба на водовод и канализација.

Само годинава се одвоени 17 милиони евра за проекти за изградба на водовод и канализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top