Борделот Кандапара во округот Тангаил во Бангладеш е најстар и втор по големина во земјата – постои веќе околу 200 години. Урнат бил во 2014 година, но повторно воспоставен со помош на локалните невладини организации. Многу жени се таму родени, таму пораснале, и не знаеле каде да одат кога исчезнал.
Поддржувачите на борделот веруваат дека сексот е работа како и секоја друга – и дека тие жени не сакаат да работат нешто друго.
Жените се заложиле за своите работнички права, и така кон крајот на 2014 година, Националното здружение на адвокати во Бангладеш го уверило Врховниот суд дека иселувањето на сексуалните работнички е незаконско. Сексуалните работнички набрзо се вратиле во своите домови.
Денес, борделската област е оградена со ѕид. Во тесните улици има тезги со храна, чајџилници и улични продавачи.
Борделот е место со правила и хиерархиска моќ, кој по многу работи се разликува од остатокот од општеството.
Внатре во борделот, жени се слаби но и моќни. Најзагрозени се кога прв пат доаѓаат во борделот – тогаш се нарекуваат „врзани девојки“ и обично се на возраст од 12 до 14 години.
Овие девојки обично доаѓаат од сиромашни семејства и често се жртви на трговија со луѓе.
Немаат слобода или права. Често се во долгови и не им е дозволено да излегуваат или да ги задржат парите.
Откако ќе ги платат своите долгови, тие стануваат независни сексуални работнички. Тогаш можат да одбиваат клиенти и да ги задржат парите. Можат и да си заминат од борделот, но често одбираат да останат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст