Непосредно потоа премиерот на Ирак, Хаидер Ал-Абади се обрати на нацијата и порача дека битката за Фалуџа е конечно готова. Инаку, некаде кон средината на овој месец, ирачкиот премиер прогласи победа во овој град, но борбите во градот продолжија, вклучувајќи го најголемото упориште на џихадистите, квартот Голан.
„Од ова место објавуваме дека централниот дел на Голам е исчистен од терористи и на ирачкиот народ му ја пренесуваме среќната вест – битката за Фалуџа е готова“, изјави генерал мајорот Абдул Вахаб Ал-Саиди на националната телевизија.
Тој откри дека најмалку 1800 џихадисти на Исламската држава биле ликвидирани од ирачките војници во операцијата за ослободување на Фалуџа. Во „последниот удар“ на квартот Голан, ирачката армија добила значителна помош од воздух од бомбардерите на воената авијација на Соединетите Американски Држави.
Во Ирак моментално владее општо мислење дека Фалуџа е непоправливо средиште на сунитскиот бунт и сите кои што биле затечени во градот за време на последната офанзива на ирачката армија се сметаат за поддржувачи на Исламската држава.
Градот Фалуџа, сместен на 50-тина километри од ирачката престолнина Багдад, беше првиот град во Ирак кој падна во рацете на сунитските радикални групи на почетокот во 2014-та година.
Според проценките на Обединетите нации, од градот се евакуирани повеќе од 82 илјади цивили за време на операцијата во која учествуваа дури 50 илјади ирачки војници. Се проценува дека 25 илјади се во бегство, а на бегалците од Фалуџа моментално им е забранет влез во Багдад. Се проценува дека ширум земјата се раселени 3,4 милиони Ирачани.
Џихадистите на Исламската држава и натаму контролираат значајни делови на Ирак, иако факт е дека нивното влијание драстично е намалено во последниов период. Имено, во рацете на ИСИС и натаму се делови од ирачкиот север и запад, вклучувајќи и го и вториот најголем град во државата – Мосул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст