Како што жените имаат листа на желби за интименит емоменти, така и мажите добро знаат што сакаат и што ги возбудува. Сега открија што точно сакаат да доживуваат од партнерката и кои навики или потези секогаш се добредојдени во креветот.
1. Дајте му супер поглед – Ние сме повеќе визуелни типови. Затоа сакаме пози во кои може добро да видиме што се случува. Мојата жена веќе не чека да и кажам која поза ми е го главата, туку знае дека најмногу уживам во оние пози во кои може да го видам нејзиното тело – вели Томо (42).
2. Изненадите го – Еднаш девојката во текот на летувањето ме однесе на скриена плажа и ми приреди моменти за паметење. Не велам дека секогаш треба да правите работи поради кои може да не „фати“ полиција, но дефинитивно ги сакале сите видови изненадувања, се она што отстапува од стандардната рутина – вели Златко (33).
3. „Помилувајте“ го неговото его. – Верувам дека на секој маж му се допаѓа кога жената го храни неговото его. Сакам кога во креветот разговора со мене како да сум најдобар во секој поглед – вели Иван (27).
4. Покажете што сакате. – Секога добро прифаќам наредби. Сакам кога девојката ми кажува или покажува се што сака, што и одговара, што сака да и првам. Преземање иницијатива е секси, а јас сум тука да и угодам во целост – вели Марко (29).
5. Бидете гласни. – Верувале или не, мажите всушност се многу несигурни во кревет, дури и тогаш когаш знаат што прават. Затоа им е потребно да чујат потврда дека жената ужива. Тогаш навистина знаеме дека се правиме како што треба – вели Јаков (39).
6. Воспоставите контакт со очите. – Сакам кога ме гледа директно во очи во важните моменти. Има нешто неверојатно во тоа, тоа ептен ме пали, тој нејзин израз на лицето и погледот – вели Синиша (32).
7. Покажете ентузијазам. – Нема ништо полошо од тотално незинтересирана партнерка. Сакам да видам малку ентузијазам или барем да добијам некаков одговор на она што го правам – објаснува Ненад (40).
8. Вклучете светло. Жените секогаш се оптоваруваат со тоа дали добро се издепилирани, прават драма па сакаат да биде тоа во темница. Нам сето тоа ни е небитно. Тоа се работи кои скоро и да не ги забележуваме. Возбудени сме околу се она што се случува и сакаме да уживаме во целото тело на нашата партнерка. Затоа нема ништо подобро од секс со вклучено светло – вели Горан (46).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.