| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија и се приближи на Македонија во оценките за кредитоспособност

Покрај негативните генералните анализи на словенечката економија поради што не се исклучува ново  намалување на рејтингот Словенија од денес со нов пад според оценките на агенцијата Мудис.

Поради влошување во секторот јавни финансии и банкарскиот бизнис агенцијата го намали кредитниот рејтинг на Словенија, од баа2 на ба1.

Словенија со одлуката на агенцијата Мудис се врати на ниво на кредитоспособност од деведесетите година. Со тоа таа како членка на ЕУ 17 години се приближи на Македонија и  Србија. Словенија е една од ретките балкански држави што од осамостојувањето немаше сериозни регионални безбедносни или економски предизвици какви што беа за земјава Косовската криза, конфликтот во 2001 или ембаргото и блокадата од страна на Грција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top