Три лица загинаа, а 16 се повредени во поројните дождови и ураганскиот ветар што ја зафати Полска во текот на викендот, соопшти денеска прес секретарот на полската противпожарна служба, Павел Фронтчак, цитиран од ТАСС.
Загинаа три, а 16 лица, меѓу кои и четворица спасувачи, се повредени рече Фронтчак. Еден од инцидентите се одиграл во Заходнопоморското војводство, каде татко со две деца со кану пловал по река. На брегот врз нив се струполило дрво. Мажот и едно од децата загинале. Во Подлаското војводство автомобил удрил во дрво што паднало на патот поради ветрот. Возачот загинал на лице место. Во цела Полска се турнати илјадници дрвја, прекинати се електропреносните линии, разурнати се покриви на стотици домови и има поплавени подруми. На повеќе места вчера беше блокиран железничкиот сообраќај. На меѓународниот аеродром „Фредерик Шопен“ во Варшава повеќе од еден час не слета и полета ниту еден авион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.