| четврток, 6 декември 2018 |

Губите ако ги менувате вашите пари од една во друга валута

Експертот Васил Кендов ги советува бугарските граѓани да почекаат додека не се смират финансиските пазари.

евра

Вели дека нема основа за стравување за бугарскиот финансиски пазар по референдумот во Британија. Ова е ставот на претседателот на Здружението на корисниците на банкарски и финансиски услуги во Бугарија, Васил Кендов, финансиски експерт и консултант.

Во својот коментар по Брегзит тој посочи дека во Бугарија нема британски банки. Воопшто, стабилноста на европскиот банкарски систем во моментов не може да биде поставена под сомнеж и рано е за било какви грижи, смета експертот.

Тој ги советува бугарските корисници кои имаат пари да почекаат. Според Кендов фирми или поединци со капитал до 50 000 ќе загубат од високи банкарски такси и трансфер, ако почнат да ги менуваат од еден вид валута во друг.

Кендов прогнозира постепено укинување на каматните стапки, но тоа би можело да се случи најрано за шест месеци и по евентуални реакции на Европската централна банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top