| четврток, 6 декември 2018 |

Се чудите зошто не може да ви тргне во животот? Не правете го ова за да не ве бие сиромаштија

Кои се причините за сиромаштија и зошто тие делуваат одредени луѓе да бидат осудени на сиромаштија, додека на другите благосостојбата им паднала од небо?

siromastija-640x320

Бизнис консултантката Наталија Грејс авторка на книгата „Закон на генетското сиромаштво“ објаснува како одредени луѓе се програмирале на мали приходи.

Како што таа тврди, сирoмаштијата е причинета од следните фактори:

Начин на размислување

Додека одевме на училиште, по часови одевме кај едно девојче каде скокавме по каучот се додека не дојдат родителите. Уживавме затоа што одредени федери излегуваа од поставата. Нашето скокање создаваше облак од прашина. Дваесет години подоцна повторно ја сретнав таа девојка, а во нејзината куќа го затекнав тој кауч. Како што забележав мебелот беше во иста состојба. Се прашувам зошто сиромашниот дом е нечист. Нечистотијата и сиромаштијата се соседи, а сиромаштијата е начин на размислување.

Скржавост

Имав една прекрасна професорка по книжевност која еден ден ги праша учениците што е скржавост, и одговори „Скржавост е кога пиеш од стар филџан додека новиот го чуваш во креденец“. Тоа го сретнуваме во многу домаќинства, каде пари луѓето чуваат за „црни денови“.

Комплекс Пепелашка

Познавам жена која манијакално дваесет години штедеше за да ја продаде гарсоњерата и да купи куќа со градина. Сама чуваше две деца, и јадеа скромно, беа на супи најчесто, а облеката им беше закрпена. По дваесет години купија куќа со бавча, а ќерките и сега кога заработуваат и имаат приходи се плашат да трошат пари и се што носат е износено.

Потсвесно програмирање

Децата кои растат во сиромашна средина, потсвесно се програмираат на сиромашен живот во иднина. Нечистотијата и сиромаштијата го убиваат човекот, и тоа останува потсвесно и кога околностите ќе се променат. Богатството е состојба на ум, и она што можете да го направите кога ќе ја смените состојбата е да извадите убави чинии и да ги користите. Фрлете ги скршените огледала и саксии, секој ден е посебен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top