Необични споменици ја красат Земјата веќе неколку илјади години, а имаат значајна историска, културна и духовна улога. Науката се обидува да ги долови сите нивни тајни, но и покрај сиот технолошки развој, не успева. Kако се градени, зошто се градени и со која цел се дел од мистериите на древните градби што восхитуваат до денес.
Стоунхенџ – Англија
Овој праисториски споменик е изграден меѓу 3000 и 2000 година пред новата ера, а научниците ниту денес не се сигурни на кој начин се подигнати тие големи камени блокови. Не е познато ниту кој градел слични вакви структури низ Велика Британија, кои се подигнати за религиозни цели.
Сигирија – Шри Ланка
На Сигирија, монолитната карпа позната уште и како лавја карпа, се наоѓаат остатоци од некогашната палата на кралот Kашјап, која подоцна е претворена во будистички споменик. Висока е 200 метри, а од 1982 година е на листата на УНЕСKО за светско наследство. Тоа е еден од најпосетените споменици во Шри Ланка.
Пирамиди – Египет
Пирамидите во Гиза се најпознатите и највеличествените споменици од времето на Стариот Египет. Се наоѓаат во пустината во близина на Kаиро и се многу популарни меѓу туристите од целиот свет. Станува збор за три пирамиди, од која најпозната е Kеопсовата, која е и најголема и најстара пирамида во светот. Научниците с` уште не се сигурни како се изградени и зошто се толку големи овие споменици.
Kинескиот ѕид
Низата одбранбени ѕидови со кули се смета за најголемата градба во светот. Првите ѕидови се изградени уште во 7 век пред новата ера, а со текот на времето со нивната надградба почнале да се шират легенди за мистериозните исчезнувања на градителите чии тела наводно биле вградени во ѕидот.
Моаи – Велигденски Остров
Големите глави на Велигденскиот Остров се тајна што и денес ја разгорува фантазијата на многу научници. Тие с` уште не се сигурни како се направени монументалните глави и како се донесени на овој изолиран остров, полн со недопрена природа.
Петра – Јордан
Градот врежан во карпа припаѓа на светското културно наследство, а е и едно од најголемите архитектонски достигнувања во историјата. Изграден е пред околу 2.200 години, а локалното население на градот му даде прекар „Пустинска роза“.
Пештерите во Мексико
Мексико крие многу длабоки пештери во кои се одржувале различни необични активности. Пештерите во Читчен Ица и во Валадолид се исклучително популарни меѓу туристите поради својата надреална убавина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст