Принцезите од филмовите на „Дизни“ како Елса од „Снежно кралство“, Јасмин од „Аладин“ и Ариел од „Малата сирена“ лошо влијаат на самодовербата на девојчињата, се тврди во едно истражување.
Измислените ликови промовираат негативни стереотипи за женското тело. Елса има многу тенок струк како и многу принцези на „Дизни“.
Многу родители не гледаат ништо штетно во гледање на овие цртани филмови, а научниците велат како токму тие ги зголемуваат бескорисните стереотипи. Оние девојчиња кои биле опседнати од принцезите на „Дизни“ и сакале да изгледаат како нив, најчесто имале многу ниска самодоверба во врска со своето тело.
Авторката на студијата Сара Којн вели дека сево ова направило девојчињата да бидат слаби ниту пак сакаат да работат работи кои не се толку поврзни со жените.
Во истражувањето биле анализирани 198 претшколски деца и било откриено дека 96 отсто од девојчињата и 87 отсто од момчиата гледаат цртани филмови на „Дизни“ со принцези. Секоја шеста од 10 девојчиња си игра со играчки кои претставуваат некој лик од цртан филм и тоа најмалку еднаш неделно, како и момчињата.
– Девојчињата кои се држат до женските стереотипи мислат дека не можат да работат некои работи. Не веруваат во себе и мисат дека не може да бидат добри во математика или во наука. Не сакаат да се извалкаат и не сакаат да работат експерименти. За да избегнете негативно влијание, вклучете го своето дете во разни активности, и желбата да биде принцеза нема биде една од работите кои би сакала да биде – изјави Којн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст