| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се вештачи лифтот во кој загина детето во Куманово

Обвинителството во Куманово издадe наредба за вештачење на лифтот во кој вчера загина шестгодишното момче.

лифт

Вештачењето ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје и треба да ги утврди причините за несреќата. По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство.

Oбвинителот издал наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање на лифтот, како и прибирање на друга неопходна документација потребна за расветлување на случајот.

На телото на детето ќе биде извршена обдукција за да се утврди како починало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top