| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот им забрани летување на идните министри

vucic vo vlada

Мандатарот за состав на новата српска влада Александар Вучиќ им забрани на членовите на техничката, но и на идната Владата ан Република Србија да заминуваат на одмор во летот на летото.

Како што дознава “Блиц”, Вучиќ им порачал на министрите дека мора да останат во Белград цело лето оти ги чека важна работа околу продолжувањето на спроведувањето на реформите.

-Можете да одите на море, но од септември, им порача Вучиќ и разочара многумина кои веќе испланирале заминување на одмор.

Исто така, по се изгледа, годинава море нема да видат ниту пратениците од Собранието на Србија. Според весникот, препорака од Вучиќ е да работат цело лето оти има многу преостанати закони кои мора да бидат донесени имајќи предвид дека парламентот не работи веќе неколку месеци поради распишувањето на изборите.

Мандатарот Вучиќ деновиве размислува за кадровски решенија за министерствата за одбрана, полиција и труд, а ако ги разреши дилемите составот на новата влада ќе биде објавен на почетокот од неделава.

Инаку, Вучиќ најави дека постои можност новата влада да не биде формирана до 3 јули, како што претходно најави, поради бројни обврски.

-Го водам вториот круг разговори со потенцијалните партнери, но далеку од камерите, изјави Вучиќ.

Бојан Клачар од Цесид смета дека во овој момент причината за одложување на формирањето на владата може да биде тоа што Вучиќ не ја разрешил дилемата околу коалициските партнери и има недоумица околу одредени кадровски решнија.

-Тоа што владата нема да биде формирана до 3 јули нема да создаде некаков проблем. Оваа влада во технички мандат го работи практично истото како и регуларна влада, освен што нема средби со некои високи странски претставници. Од друга страна, нема причина толку долго да се чека со формирањето нова влада, вели за “Блиц” Клачар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top