Полицијата известува дека во Света Марија во близина на Прелог, 46 годишен маж со огнено оружје усмртил две жени. Tрагедијата се случила околу 10:55 часот во Света Марија на улица Владимир Назор. Мажот според првичните информации ги усмртил двете жени на возраст од 39 и 52 години.
Откако мажот пукал соседите го совладале и го задржале додека да дојде полицијата. Наводно во близина имало 4 годишно дете кое за среќа не било повредено. Нeфицијално се дознава дека во позадината на оваа крвава престрелка стојат пореметени љубовни односи. 39 годишната е убиена при излегување од автомобилот, додека 52 годишната пред својата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст