| четврток, 6 декември 2018 |

Спринтер од Јамајка заразен со зика: Не знаев дека сум заболен додека не отидов на бербер

sprinteri jamajka

Јамајканскиот спринтер Кенан Бејил Кол соопшти дека е заразен со вирусот зика, но и дека планира да настапи на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро.

– Заздравувањето воопшто не е лесно. Сѐ уште сум исипан по телото. Очите ме болат, но најдобро во целата работа е што немам болки во мускулите, изјави 24–годишниот спринтер.

-Не знаев дека сум заболен од вирусот зика, додека не отидов да на бербер. По миењето мојата девојка забележа дека имам нешто на вратот, што беше полно со лимфа. Имав болки, но мислев дека тоа е заради тренинзите, а не заради вирусот Зика. Ова е навистина големо разочарување за мене, но се надевам дека ќе оздравам до стартот на Игрите, заврши Кол.

Кол има освоено златен медал со штафетата на Јамајка и се надева дека повтороно ќе биде дел од тимот што ќе го лови златото во Рио, заедно со Болт, Пауел и Блејк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top