| четврток, 6 декември 2018 |

Целта и постоењето на ЕУ доведени во прашање, Могерини повикува на нова стратегија

Luxembourg EU Foreign MinistersШефицата на европската дипломатија Федерика Могерини на земјите членки на Унијата им ја испратила новата глобална стратегија на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, по одлуката на Британците да ја напуштат унијата,

-Целта, дури и постоењето на нашата Унија се доведени во прашање. Сепак, на нашите граѓани и на светот им е потребна силна ЕУ како никогаш досега. Во овие времиња полни со предизвици, силната унија е таа која размислува стратешки, да дели визијата и дејствува во заедништво. Тоа е уште повистинито по британскиот референдум. Ние навистина ќе мораме да го преиспитаме начинот на кој работи нашата Унија, но ние точно знаеме на што треба да работиме. Ние знаеме кои се нашите принципи, нашите интереси и нашите приоритети. Ова не е време за неизвесност, на нашата Унија и е потребна стратегија. Потребна ни е заедничка визија и заедничка акција- вели Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top