Откако Британија излезе од ЕУ, новиот водечки трговски блок во светот станува – НАФТА.
Станува збор северноамериканската зона за слободна трговија, која ја сочинуваат САД, Канада и Мексико.
ЕУ без Обединетото Кралство станува пазар со околу 443 милиони потенцијални потрошувачи. Од друга страна, НАФТА има повеќе од 470 милиони луѓе.
Според пресметките бројот на жители во ЕУ, откако Британија ќе излезе, ќе се намали за околу 13 проценти, а површината на Унијата за околу 6 проценти. Економските ефекти ќе бидат уште поголеми со оглед на тоа дека Британската е втора по големина економија во ЕУ, зад германската, па нејзиното излегување ќе го намали европското БДП за речиси 18 проценти, од сегашните 14,6 билиони на околу 12 билиони евра.
Прашање è и со која динамика ќе се одвива понатамошното проширување на ЕУ, откако Велика Британија ја напушти Унијата. Познато е и дека Лондон бил голем заговорник за понатамошно проширување на Унијата. Проширувањето, сепак, го поддржуваат и други членки, но инсистираат на поцврсто исполнување на условите за членство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст