Италијанскиот премиер Матео Ренци повика да се стави крај на политиката на мерките за штедење по „експлозијата” предизвикана од Брекзит во Европа. Пред средбата во Берлин со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, во колумна за италијанските медиуми посочи:
– Без раст, нема работа. Без инвестиции, нема иднина. Без буџетска флексибилност, нема заедница… Политиката на мерките за штедење го затемни хоризонтот. Таа ја претвори иднината во закана и го зајакна стравот- напиша Ренци во својата колумна, објавена во италијанскиот весник „Соле 24 оре”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.