Пред пратениците во Собранието на Република Македонија се предлог измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и на Законот за здравствено осигурување кои се поврзани со реализација на проектот „Македонија вработува 2“.
На дневниот ред на 107-мата седница се и Предлогот на закон за дополнување на Законот за јавните набавки, измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, измените на Законот за полиција, измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи и измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, сите по скратена постапка, како и годишни извештаи на повеќе комисии, агенции и Советот на јавни обвинители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.