| четврток, 6 декември 2018 |

Николас Кејџ се разведува по 12 години брак

Само два месеци пред прославата на 12-годишнината од нивниот брак, американскиот актер Николас Кејџ и неговата сопруга Алис Ким соопштија дека ќе се разведат.

nicolas-cageukm67i67i676

Како што објави магазинот „Пипл“, ова ќе биде трет несупешен брак на 52-годишниот Кејџ, по оние со ќерката на Елвис Присли, Лајза Мери и со актерката Патриша Аркет.

Николас и Алис се запознале во 2004 година во еден ресторан во кој таа работела како келнерка. Два месеци по запознавањето, тие се свршија, а набрзо потоа го кажаа и судбоносното „да“.

Двојката го има 10-годишниот син Кал-ел.

Причините за распадот на бракот засега не се соопштени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top