Хрватска продава 10 острови по цена од 130 илјади до неколку милиони евра, соопштува хрватскиот портал Телеграм. Сите прогласени за продажба острови се ненаселени, недостасуваат градби или има само урнатини. Затоа повеќето од нивните сопственици тврдат дека токму нивните острови се идеална инвестиција за приватни вили или луксузно одморалиште.
Некои од островите се продаваат со години, како Мали Космач во близина на Шибеник, чиј сопственик неколку пати го ставал на продажба.
Во земјата има вкупно 1.185 острови, од кои само 66 се населени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.