| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска се Петровски поклади: Обичаите велат дека некои работи треба, а некои никако не треба да се прават!

Петровски поклади (веселба во пресрет на Петровден) се одржуваат на последниот ден пред почетокот на Петровскиот пост, а постојат многубројни обичаи кои се изведуваат на овој празник.

Но заедничко за сите обичаи е дека се подготвува мрсна гозба, а во некои села одат и покладни сватови, додека во други се палат гранки од исушена кора на бреза или цреша.

Обично ги палат момчиња и деца обиколувајќи ги куќите, шталите, изворите по три пати пеејќи песни за житото да роди, стоката добро да напредува, а домаќините пак има даваат од храната што ја подготвиле.

Се верува дека куќата која ќе ги награди момчињата цела година ќе има напредок.

За тоа време девојките собираат слама на куп и ја палат на сред село, а кога ќе дојдат момчињата почнуваат разни натпревари и игри околу огинот, сето тоа проследено со пробување на храната што момчињата ја собрале во селото.

Според народното верување, денеска задолжително треба сите добро да се најадат за да се подготват за претстојниот голем пост.

Во некои краишта се верува дека тие кои нема да го почитуваат ова правило и сепак, по некој случај нема да изедата нешто „мрсно“ може да имаат несреќна година.

Според некои суеверија, пак на денешен ден никако не треба да се чешлате, бидејќи може да ви испадне целата коса од главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top