Вистинска дрма се одвивала вчера во Куманово, еден маж прегазил цело семејство, а четиригодишно дете е тешко повредено.
Според информациите на полицијата, по пријавата на 25-годишната Т.Д по кратка расправија на ул.„Борис Кидрич“ кај Јавната Здравствена Устава -Уред во Куманово физички ги нападнале три лица и им го оштетиле возилото. Од страна на Јавнен обвинител при Основното Јавно Обвинителство во Куманово и увидна екипа при СВР Куманово извршен бил увид на местото на настанот, при што е констатирано дека на вечерта околу 22,30 часот по претходна расправија со 36-годишниот С.А од Куманово, Б.И. управувајќи патничко возило „Мерцедес Ц200“ заедно со сопатниците неговиот брат Б. И. и Т.Д., со предниот десен дел од возилото намерно ги удрил лицата С. А., неговата сопруга М.К.и нивниот 4 годишен син.
Потоа од страна на итна медицинска помош С.А. е пренесен во болницата во Куманово додека М. К. и детето како итен случај со возило на брза помош се пренесени на Детска хиругија при Државна болница Скопје. Трите лица дошле во полициската станица во Куманово каде по обавениот разговор, двајцата браќа се задржани, а Т.Д. е ослободена.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст