| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбашки напад врз хотел, 15 лица загинаа

Полицијата денеска соопшти дека најмалку 15 луѓе загинаа во самоубиствениот напад врз хотелот „Насахаблад“, што се наоѓа во центарт на Могадишу.

okopsfkg

Припадници на сомалиската исламистичка терористичка организација Ал Шабаб вчера извршија самоубиствен бомбашки напад врз хотелот, а потоа земаа заложници. Полицијата потврди дека е завршена заложничката криза.

При нападот на бомбашот-самоубиец загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и чувари на хотелот, цивили и исламисти.

Портпаролот на Ал Шабаб тврди дека во нападот загинале најмалку 20 лица.

Исламистичката група често извршува напади во Могадишу, обидувајќи се да ја собори Владата, која е поддржана од Западот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top