Универзитетската гинеколошко-акушерска клиника ги демантира информациите што ја пренесоа некои медиуми, а беа објавени деновиве на веб страницата на Иницијативата на жени на Шуто Оризари. Во текстот е пренесена исповед на анонимна пациентка од ромска националност.
Демантот и апелот на Клиниката ги пренесуваме во целост:
Според објавениот текст, пациентката била хоспитализирана на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство за индукција на породувањето заради изминување на веројатниот термин за раѓање, процедура за која постои јасно дефинирана процедура на клиниката како и писмена документација, вклучително и потпишана изјава за согласност за процедурата од секоја пациентка. Пациентката била спонтано породена и испишана дома.
За наводните неправилности во текот на нејзиното породување, до овој момент, до административната служба на Клиниката не е доставена никаква формална жалба, иако за тоа постои можност на кое било болничко одделение во клиниката. Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство има строги протоколи на однесување на персоналот, како и востановени процедури за иследување и санкционирање на какво било недолично однесување на нејзиниот персонал во согласност со законите на Република Македонија и светските норми.
Посетата на одделот за пуерперална грижа (оддел за породени мајки и деца) на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство е СТРОГО ЗАБРАНЕТА, согласно клиничките процедури за ограничување на пренесувањето на контактни инфекции, а се во интерес на мајките и нивните новородени.
Строго забрането е и пушењето во целиот објект на клиниката, согласно важечката легислатива на Република Македонија.
Универзитетската клиника за гиненекологија и акушерство во моментот е едно од најсовремените перинатолошки центри во Република Македонија и во регионот, со апроксимативно 6000 породувања и над 14000 хоспитализации годишно, добар дел од кои се пациентки препратени од целата територија на Република Македонија заради компликации во тек на бременоста.
Имајќи предвид дека на УК за гинекологија и акушерство постои можност за пријавување на какво било недолично или несоодветно однесување на персоналот, апелираме до сите пациентки кои имаат жалба, формално да пријават за да можеме адекватно да реагираме.
Во случајот, Вашата статија сериозно го нарушува угледот на нашата институција, а за случајот не постои никаква формална жалба поднесена на клиниката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст